Loading Video...
Ракомет
3. April 2019 - 15:07

Брестовац „пресече“ на 19 ракометари за дуелите со Исланд

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија,  Данило Брестовац го скрати списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните два евро-квалификациски натпревари против Исланд. 
 
Првиот список од 26, Брест сега го скрати на 19 ракометари, а меѓу нив се и дебитантите Томислав Јагуриновски и Бојан Маџовски, како и повратникот во селекцијата Милорад Кукоски
 
 
Првиот собир ракометарите ќе го имаат во понеделник (8 април) во 13:30 часот во хотел Александар Палас во Скопје.
 
Првиот дуел против Исланд е закажан за 10 април на гостински терен, додека  четири дена подоцна (14 април) во Скопје ќе се игра реваншот.