Ракомет
5. July 2019 - 16:33

Брестовац го објави поширокиот список за Мундијалот до 19-години што ќе се одржи во Скопје

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Данило Брестовац, го објави поширокиот список од 23 играчи за првиот собир на подготовки за претстојното Светско првенство за ракометари со 19 години, што од 5 до 18 август ќе одржува во Скопје. 
 
Според плановите, првата прозивка Брестовац ќе направи на 10 јули во Струга, каде ќе бидат одработени и дел од подготовките за шампионатот. 
 
Македонската репрезентација на првенството ќе игра во групата Ц во која за противници ќе ги има врсниците од Данска, Аргентина, Нигерија, Јапонија и  Бахреин.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ РАКОМЕТАРИ