Loading Video...
Ракомет
5. December 2019 - 15:50

Брестовац го објави поширокиот список за „акцијата Еуро 2020“

 
 
Данило Брестовац, селекторот на машката репрезентација на Македонија, го објави поширокиот список на ракометари кои ќе претендираат за место во националниот тим на Европското првенство. 
 
На првиот список на Брестовац за Еуро 202та што во јануари ќе се одржува во Австрија, Норвешка и Шведска, се најдоа од 28-мина ракометари, меѓу кои и повратникот во националниот состав Велко Маркоски
 
Според програмата. Првиот собир ќе биде во Скопје на 21 декември, а до настапот на шампионатот предвидени се пет контролни натпревари.
 
Првиот, попатно ќе се игра во Белград против Кувај, од каде ракометарите заминуваат за Романија на турнирот „Трофеј Карпати“ каде од 27 до 29 декември покрај меч домаќинот ќе одиграат и натпревари против Алжир и Холандија.
 
По новогодишната мини пауза, ќе бидат одиграни уште два контролни дуели и тоа против Словенија и против Црна Гора, по што селекцијата заминува за Виена, каде во рамките од Б групата ќе играме против Украина на 10 јануари, во воведниот меч, потоа Чешка на 12 јануари и на крајот на групната фаза ќе се соочиме со домаќинот Австрија на 14 јануари.