Џет-Сет
4. September 2017 - 11:47

Брена ја откри долго чуваната тајна: Само во оваа сцена од „Хајде да се волимо“ користеше дублер

Филмот „Ајде да се сакаме“ од 1987 година, во кој глумеше Лепа Брена, беше еден од најпопуларните во поранешна Југославија.

Една од најпознатите сцени дефинитивно е скокот од Стариот мост во Мостар, но брена сега откри дека таа навистина не скокнала од мостот туку дублерот Јадранко Финк.

„Мојот славен дублер Јадранко Финк од Мостар! Скок од мостот во 1987 година“, напиша Брена под нивната заедничка фотографија.

„Како детенце бев фасциниран од фактот дека Брена скокнала. Семожната Брена - скокаше, јаваше, леташе, нема што не можеше... Каков Јадранко“, порача еден од следбениците на Инстаграм.