Свет
26. January 2021 - 15:05

Бремените жени да не ја примаат вакцината на Модерна, предупредува СЗО

Светската здравствена организација објави ново упатство во врска со вакцината за COVID-19 произведена од Модерна, а во него стои и загрижувачка порака за бремените жени.

Ескпертите за имунизација при СЗО, попознати како САГЕ, денеска издадоа серија препораки околу вакцината на Модерна, меѓу кои и дека препорачливо е бремените жени да не ја примаат оваа вакцина, освен ако не се здравствени работнички или ако се во загрозената група.

„Иако бременоста ги става жените во поголем ризик за COVID-19, сега за сега не е препорачливо да се вакцинираат со оваа вакцина“, објави САГЕ.

Директорот за имунизација при СЗО, Кејт О'Брајан, вели дека потребно е прво да се направат клинички испитувања врз бремени жени со вакцината на Moderna пред да се даде зелено светло за вакцинација и на оваа група.

Оваа вакцината се прима во две дози во интервал од 28 дена помеѓу дозите, со напомена дека во некои случаи, доколку е потребно, интервалот може да биде и до 42 дена.

Вакцината Модерна е направена од страна на американската фармацевтска компанија Moderna во соработка со американските институти НИАИД и БАРДА.

Во САД вакцината доби итна дозвола за употреба на 18 декември. Пет дена подоцна беше одобрена и во Канада, во ЕУ на 6 јануари, а два дена подоцна и во Обединетото Кралство.