Џет-Сет
4. January 2018 - 15:34

Бремената Наташа Беквалац се повлече од јавноста: Еве како изгледа пејачката два месеци пред породувањето

Наташа Беквалац беше активна се до петтиот месец од бременоста, а потоа одлучи да се повлече од јавноста и да ужива во бременоста. Од тогаш никој не успеа да ја слика, освен овој папарацо кој успеа да ја фати бремената пејачка.

Новосадската барбика дури и своите објави на социјалните мрежи ги сведе на минимум, а интервјуата и гостувањата во емисиите во овој период не постојат.

Многумина е прашуваат како изгледа, а оваа фотографија го открива тоа.

По новогодишниот пречек, и нејзиниот кум објави заедничко селфи па може да се види дека убавата Наташа два месеци пред породувањето не е многу сменета.