Македонија
31. August 2021 - 15:19

Бремената Авганистанка која вчера пристигна во Скопје роди здраво машко бебе

Од Министерството за здравство информираат дека на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје се породи Авганистанката која вчера пристигна во Скопје а беше во доцната 39-та недела од бременоста. 

Таа родила здраво машко дете тешко 3 килограми и 200 грама и заедно со новороденчето се во добра здравствена состојба.