Живот
12. August 2015 - 15:44

Бремена жена се самоуби: Дозна дека и мајка и е бремена од нејзиниот сопруг

Бремена жена се самоуби откако дозна дека нејзиниот сопруг имал секс со нејзината мајка и таа останала бремена од зетот прељубник.

Неидентификуваната жена од Гана се вратила од шопинг кога на брачниот кревет ги затекнала својот сопруг и мајка си како имаат секс.

Кратко потоа дознала и дека мајка и е бремена од нејзиниот сопруг.

Скршена од двојното предавство, бремената жена скокнала од покривот на зградата каде живееле, и подоцна истиот ден починала од повредите здобиени при падот.

Истрагата покажа дека нејзиниот сопруг врската со мајката ја почнал речиси во исто време како и со неа.