Живот
6. October 2017 - 15:46

Бремена и изневерена: Наместо да го мрази поранешниот, таа му се заблагодарува - еве зошто

Кога дознала дека мажот ја изневерува, поминал низ пекол, а потоа се случил пресврт

Убава и згодна, но и благодарна, и тоа на својот сопруг кој ја изневерувал додека била бремена.

Ова е нејзината приказна која ја споделува со сите, еве и зошто.

„Бев две години во брак кога дознав дека сопругот ме изневерува месеци наназад. Беа точно три недели после раѓањето на нашата ќерка, кога дефинитивно дознав за неговата врска со друга жена. И верувале или не јас денеска сум бескрајно благодарна исклучиво поради лична причина.

Прељуба, афера која трае подолго време е нешто најлошо што може да се случи во бракот. Во првиот момент доживеав шок кога дознав дека сопругот со месеци ме изневерува со друга жена. Ние бевме новопечени родители, само две години во брак. Прав пекол.

Сопругот во најосетливиот период од бременоста, и во уште поосетливиот период после бременоста, ме оставаше сама и одеше во прегратките на друга жена.

Стана повеќе од очигледно дека нешто не е во ред, ми призна дека година дена после венчавката ги изгубил сите чувства кон мене.

Тоа беше тежок удар за мене. Ги спакував своите работи, си ја земав ќеркичката и се одселив кај моите родители. Година дена подоцна се разведовме. Тоа што требаше да звучи како кошмар, за мене беше нешто најдобро што некогаш ми се случило!.“

Колку и да му е лута на својот, сега веќе бивш, маж, благодарна му е поради овие три работи:

  • Затоа што ја натерал да биде личност каква што отсекогаш сакала да биде.
  • Затоа што и покажал дека е борбена и дека никогаш нема да се предаде.
  • И најмногу затоа што ја пуштил да биде таква личност пред ќерка и вистински да ја запознае.

Тоа што го доживеала го кажала јавно, сакајќи да им покаже и на другите жени дека не треба секогаш да очајуваат, дека се си има свои и тоа добри причини. Она што е битно е да не се претворите во жртва, во кутра жена која некој ја изневерил.

Од се треба да го извлечете тоа позитивното, а дури и случувања како овие имаат своја добра страна. Тоа единствено се смета, се друго е небитно.