Бизнис
24. јуни 2016 - 19:43

Брекзитот ќе влијае на компаниите кои тргуваат со Британија

Брекзитот е земјотрес. Со голема јачина, и со силни последици за светската економија.

Од утрово крахираа  берзите, посебно валутните.

Потона еврото, фунтата падна на најниско ниво по 1985 година, агенција Стандард енд пурс предупреди дека Велика Британија може да го загуби екслузивниот екслузивниот кредитен рејтинг кој го имаше досега.

Островот е на прагот на многу турбилентен период.

Излегувањто на Велика Британија од Унијата ќе има работењето на македонските компании. Ова посебно важи за новите компании од зоните кои тргуваат со Островот. Поевтината фунта ќе значи ќар за увозниците, загуба за извозниците.

Македонските граѓани не штедат во фунти, немаат кредити во оваа валута, нејзиниот пад нема влијае од тој аспект. Денарот останува стабилен беа разлика како ќе се движат работите на европските пазари.  НБРМ и натаму ќе води политика на фиксен девизен курс.

Излегувањето од ЕУ значи дека слободниот европски за Британија престанува да постои. Во наредниот период освен со внатрешните предизвици, земјата ќе треба да преговара и за склучување на нови договори за слободна трговија.