Брекзит нема да влијае на германскиот буџет
Германската владина коалиција денеска се согласи владата да не се откажува од плановите за балансиран буџет во наредниве четири години и покрај нестабилноста којашто ја донесе одлуката на Велика Британија да ја напушти ЕУ.
Германската Влада се надева дека спроведување на плановите за постепено зголемување на трошењето без да се креира нов долг до 2020 година ќе испрати сигнал за одговорност и континуитет, јавува дописникот на МИА од Берлин.
За разлика од Германија, британскиот министер за финансии Џорџ Озборн по референдумот за напуштање на ЕУ најави дека неговата влада се откажува од целта до 2020 година да го намали буџетскиот дефицит.
Со оглед на стабилните даночни приходи коишто се должат на рекордната вработеност, ултра ниските трошоци за рефинансирање кои што се поддржани со мерките на Европската Централна Банка, Германија може да го зголемува трошењето без да создава нови долгови. Германската влада очекува вкупниот јавен долг да го намали под 60 отсто до 2020 со што по првпат по 2002 година ќе ги достигне критериумите поставени од Пактот за Стабилност и раст на ЕУ.
Дилемите за тоа дали Германија може да продолжи со балансиран буџет без да го зголеми јавниот долг се појавија по приемот на 1,1 милион бегалци за чие сместување, образование и други потреби во наредниве години владата ќе потроши десетици милијарди евра.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност