Свет
16. January 2019 - 14:40

Брегзит ќе ја чини Австрија 650 милиони евра

Повлекувањето на Велика Британија од Европската Унија ќе донесе голем товар за буџетот на земјите членки на Унијата, а само Австрија ќе ја чини околу 650 милиони евра, пишуваат австриските медиуми.
 
Медиумите додаваат дека каков и да е брегзитот, последиците од излегувањето на Лондон од ЕУ за Австрија се тие и нема да бидат поевтини.
 
По синоќешното гласање во бритнскиот Парламент, вредноста на британската фунта падна во однос на американскиот долар и еврото, но набргу се врати во нормала.
 
Како земја претседавач со Унијата, Романија вчера повика на единство помѓу земјите членки и најави дека Европската Унија ќе продолжи да се подготвува за најлошто сценарио за брегзитот.
 
Британија би требало да ја напушти Унијата на 29 март, но договорот вчера беше отфрлен со 432 пратенички гласа „против“, а само 202 пратеници гласаа „за“. Денеска ќе се гласа недоверба на владата на премиерката Тереза Меј, па оттука, како што пренесуваат тамошните медиуми, ситуацијата останува незивесна до вечерните часови.