Џет-Сет
8. September 2016 - 10:37

Бред Пит купува апартман во Будва

Холивудската ѕвезда Бред Пит ќе купи апартман во црногорскиот туристички комплекс Порто Будва, пишува српскиот весник „Вечерње новости".

Според неофицијалните информации, нему му се допаднал апартманот со две спални соби, во стан од 120 квадрати, за кој треба да плати 400.000 евра. Купопродажбата ќе се изврши преку посредник.

„Нема сомнение дека посетата на Бред Пит и Анџелина Џоли во Црна Гора пред шест години е оставило длабока трага. Познатата двојка тогаш не го криеше восхитувањето од убавината на црногорското крајбрежје и сега очигледно решиле да „фрлат сидро" таму, пишува српскиот весник.