Бразилските власти го уапсија претседателот на Фејсбук за Латинска Америка
Бразилските власти го уапсија потпретседателот на Фејсбук за Латинска Америка, Диего Дзодан.
Тој беше уапсен во својот стан во Сао Паоло четири месеци, откако судијата од него побара да предаде на органите на редот информација за корисници на социјалната мрежа, пренесе БТА.
Судија од градот Лагарто во северисточниот дел на Бразил го упати барањето во врска со истрага на локална банда на шверцери на дрога, кои комуницирале преку американската апликација WhatsApp, стекната од Фејсбук пред две години.
Неколку пати таа компанија одбила да се потчини на наредбата на судијата и така дошло до апсење на Дзодан.
Пред апсењето на WhatsApp и била наложена казна во Бразил од 12.500 евра на ден за неисполнување на судската наредба.
Постепено казната била зголемувана и нејзината вредност за еден месец изнесувала 250.000 евра. И покрај тоа ниту Фејсбук, ниту WhatsApp не ги предале бараните податоци и поради тоа бил уапсен Дзодан.
Аргентинецот Диего Дзодан е највисокиот кадар на Фејсбук во Латинска Америка. По повод неговото апсење WhatsApp соопшти дека тоа е крајна мерка и изрази разочарување дека властите ја презеле.
Ново на Сител
-
Утре и во сабота дожд, потоа стабилизирање на времето
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро