Loading Video...
Свет
28. August 2019 - 19:33
Бразилскиот претседател сака да добие странска помош за големите пожари во Амазон
Бразилскиот претседател, Болсонаро, сака да добие странска помош за големите пожари во Амазон, но само ако неговата држава ги контролира тие пари. Неговиот портпарол изјавил дека суштинска поента е оти тие пари, по влегувањето во Бразил се под контрола на бразилскиот народ. Болсонаро вчера ја отфрли понудата на Г7 за 20 милиони американски долари за борба против пожарите во Бразил и Боливија. На францускиот претседател Макрон му одговори да се грижи за неговиот дом и за неговите колонии.
-
Даниел Василев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->