Свет
7. September 2018 - 9:31

Бразилскиот кандидат за претседател Болсонаро хоспитализиран откако бил избоден со нож

Водечкиот кандидат за претседател на Бразил, Жаир Болсонаро е во тешка, но стабилна состојба откако беше повреден со нож за време на предизборен митинг.

Лекари соопштија дека Болсано ќе мора да се опоравува најмалку два месеца, и ќе биде хоспитализиран една недела.

Полицијата во градот Жуиз ди Форма, каде Болсонаро беше нападнат со нож во стомакот, соопшти дека го привела осомничениот за нападот. Според нив, приведениот има психички проблеми.

Нападот врз десничарскиот кандидат, кој води според анкетите, е драматичен пресврт на изборите во Бразил од враќањето на демократијата пред 30-тина години. Истрагата за корупција однесе во затвор многумина влијателни бизнисмени и политичари во изминатите години.

Согласно бразилските закони, малата коалиција на Болсонаро нема речиси никакво претставување на телевизиите и радијата. Тие за поддршка се потпираат на социјалните мрежи и предизборни митинзи низ државата.