Свет
12. May 2016 - 8:39

Бразилската полиција употреби солзавец против поддржувачите на Русеф

Бразилската полиција употреби солзавец во судирите со приврзаниците на претседателката Дилма Русеф, кои се собраа на протестен марш пред Сенатот во главниот град, јави ТАСС.

Поддржувачите на претседателката фрлале со димни бомби и шишиња кон полицајците, при што неколку се ранети и тие се одведени во болница. 

Протестите на поддржувачите на Русеф кои бараат да се укине процедурата за нејзин импичмент, се одржаа и во Сао Паоло и Рио де Женеиро.

Противниците на Русеф исто така организираа свои маршеви. Имаше неколку судири меѓу двете групации, но нема повредени. 

Дебатите посветени на импичментот на Русеф во бразилскиот Сенат траат веќе 14 часа.