Свет
11. May 2018 - 9:10

Бразилската полиција минатата година уби 5.012 луѓе

Бразилската полиција минатата година уби 5.012 луѓе, што е за 19 проценти повеќе од претходната година.

Според истражувањето на Универзитетот во Сао Паоло и организацијата Бразилски форум за општетвена безбедност, бројот на убиени полицајци бележи пад од 15 проценти - 385 жртви.

Во февруари бразилскиот Парламент одлучи армијата да ја преземе одговорноста за безбедноста во државата Рио де Женеиро поради големиот број насилства.