Живот
6. February 2019 - 14:29

Бразилска политичарка со длабоко деколте дојде во парламентот: Еве како реагираа другите пратеници на колешката во црвено

Бразилската политичарка од Санта Катерина се најде на мета на критика на социјалните мрежи откако во парламентот се појави во провокативен црвен комбинезон со длабоко деколте.

Поранешната градоначалничка на Бомбинхас, Ана Паула да Силва, популарната Паолина присуствуваше на седницата на парламентот на 1. февруари и го сврте вниманието врз себе со изборот на облеката.
 

На социјалните мрежи објави фотографија со потпис дека е време за „работа“, меѓутоа, повеќето луѓе го забележаа само нејзиното деколте.

Во кометарите, еден маж и напиша дека „очекува пратеничката да ги покаже своите способности без да се соблекува“.

Друг се запраша дали таа е „претставничка на проститутки“.

Во интервју за тамошните медиуми Паулина рече дека нема да крие дека би задоволила било кого и дека не очекувала толку коментари на таа тема.

Општината на Санта Катерина соопшти дека нејзината облека била во склад со правилникот, односно немало повреда на пристојноста.