Свет
3. February 2016 - 8:27

Бразил регистрира 404 случаи на микроцефалија за една седмица

Бројот на потврдени случаи на бебињата, родени со ненормално мали глави во Бразил драстично се зголемил за една седмица, јави ДПА.

Регистрирани се 404 случаи на микроцефалија, во споредба со 270 случаи пред една седмица, соопшти бразилското Министерство за здравство.

Во 17 од случаите е можно да се докаже, дека родилките биле заразени од зика вирусот за време на бременоста.

Властите истражуваат 3.670 наводни случаи на микроцефалија.

Вкупно 72 бебиња починале од таа вродена малформација.

Се смета дека вирусот зика, што се пренесува од каснување на комарец, е причина за тие малформации, од кои бебињата често умираат или значително заостануваат во менталниот развој.