Македонија
13. September 2016 - 12:36

„Брансис“ национален шампион од Македонија на Европските бизнис награди

ИТ компанијата за софтвери за следење возила „Брансис“ е национален шампион од Македонија на 10.Европски бизнис награди 2016/2017.

На натпреварот учествуваа над 33.000 бизниси од 34 држави - членки на ЕУ плус Турција, Норвешка, Швајцарија, Србија и Македонија.

„Брансис“ развива, одржува и продава компјутерски софтвер и услуги од 2008 година. Таа е единствена софтверска компанија за менаџирање и следење флота возила која доби награда национален шампион. Избрана е во првата фаза на судење од страна на независна комисија, а сега ќе продолжат и во втората фаза, која вклучува видео презентација и јавно гласање.

- Европските бизнис награди се јавно признати како пример за најдобрите и најдинамичните бизниси во Европа и горди сме што сме признати на ова ниво издвојувајќи се од останатите. Признанија како оваа награда секогаш имаат позитивно влијание врз нашиот тим и ни даваат енергија и поттик да продолжиме со квалитетната работа, изјави Бранко Трајковски, основач на Брансис групацијата. 

Во следниот круг националните шампиони ќе се натпреваруваат со видео презентација, раскажувајќи ја нивната уникатна приказна и нивните успеси. Најдобрите во овој круг ќе се борат за наградата Ruban d' Honner кои ќе бидат прогласени на Гала финалето во 2017 година. Исто така, со јавно гласање на видеата на националните победници, ќе биде избран и „Национал