Балкан
26. November 2019 - 13:24

Браќа од Косово заробени под урнатините на хотел во Драч: Повикале помош, потоа не се јавувале на телефонот

По двата силни земјотреси кои ја погодија Албанија, спасувачите ги пребаруваат урнатините во надеж дека ќе најдат преживеани.

Во Драч се урна и еден хотел, а се сомнева дека внатре се заробени браќа од Косово.

Како што пренесуваат албанските медиуми, браќата наводно биле на одмор, кога дошло до серија земјотреси.

Тие успеале по телефон да повикаат помош под урнатините, но повеќе никој не се јавува на телефон.

Полицијата одговори на повик од хотелот Тропикал во Драч, кој е уништен во земјотресот, за да открие дали има мртви. На самото место дошле со кучиња трагачи.

Се сомневаат дека во урнатинтие се затрупани браќа од Косово, меѓутоа се уште не е потврдено дали загинале.

Медиумите пренесуваат дека загинале најмалку 13 лица, додека 300 се повредени.

Да потсетиме, Албанија ноќеска и утрово ја погодија два силни земјотреси, а тлото се уште се тресе.