Кошарка
7. November 2017 - 20:28

Брајант: Време е за нов почеток

Коби Брајант, легендата на светската кошарка, не сака да живее од старата слава, туку се надева дека ќе започне нешто ново во што ќе биде еднакво успешен како во кошарката.

„Доколку кошарката е најдоброто што сум го направил, тогаш мојот живот е целосно промашување“, рекол Брајант.

„Целта е едноставна, сакам наредните 20 години да бидат подобри од претходните 20. Тоа е она што ме движи. Предизвик ќе ми биде да заборавам сѐ што било и да се фокусирам на иднината, а тоа нема да биде лесно. Кариера долга 20 години. Она што го оставив зад себе. Лесно е да се потпирате на такви работи. Тешко е тоа да се остави зад себе и да се фокусирате на изградба на студио, на изградба на нов бренд. Да се движите напред, тоа е најголемиот предизвик“, рекол освојувачот на пет шампионски титули со ЛА Лејкерс и еден од најдобрите играчи во историјата на НБА-лигата