Живот
15. February 2020 - 21:23

Брајант кандидат за кошаркарската Куќа на славни

Коби Брајант е еден од осумте кандидати за влез во кошаркарската Куќа на славните. Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс се најде на конечната листа со предлози што е обелоденета за време на Ол стар викендот во Чикаго.

Брајант освои пет шампионски прстени во кариерата и 18 пати учествуваше во Ол стар викендите. Покрај него, за Куќата на славни се номинирани и Тим Данкан, Кевин Гарнет и Тамика Кечингс од женската НБА лига.

Останатите четворица се Ким Малки, тренер на женската колеџ екипа Бејлор, Руди Томљановиќ, Барбара Стивенс и Еди Сатон.

За влез во Куќата на славни се потребни 18 гласа од Комисијата со 24 члена. Резултатите ќе бидат објавени на 4 април додека во Куќата на славни во Спрингфилд е закажана за 28 и 30 август.