Брачен пар од Неготино измамен за сума од 10.000 евра
На 25.09.2020 во 16.30 часот во Полициската станица Неготино, 59-годишна жена од Неготино пријавила дека била измамена од А.М(18) од с.Патишка Река, Сопиште, за сума од 10.000 евра.
Според пријавеното, околу 13.00 часот, таа и нејзиниот сопруг кај нотар во Неготино завериле купопродажен договор за нивното возило „ауди а4“ со А.М., со кого бил и неговиот брат Н.М.. По ова, според пријавеното, заминале за Кавадарци, каде А.М. отишол во банка за да подигне пари во износ од 10.000 евра за исплата на возилото, додека пријавителката, нејзиниот сопруг и Н.М. чекале. Според пријавеното, по некое време и Н.М. им рекол дека ќе оди до банката да види до каде е брат му, но и двајцата не се вратиле, па за кусо време во банката отишле и пријавителката со сопругот, но не ги пронашле ни лицата ниту возилото, по што заклучиле дека се измамени.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората