Македонија
12. December 2017 - 16:12

БПЦ почна да го користи официјалното име на МПЦ - Охридска Архиепископија

Бугарската православна црква преку соопштение извести за официјалниот претставник на Патријархот Неофит, кој вчера присуствуваше на празнувањето на светите 15 тивериополски маченици, патрон на Струмица.
 
Интересен момент во соопштението на бугарската патријаршија е тоа што таа овој пат ја нарекува МПЦ со целосното име, како Македонска Православна Црква – Охридска архиепископија. Во соопштението се споменува и автокефаноста на МПЦ-ОА, а во контекст на напорите на бугарскиот патријарх за нејзино застапување пред православниот свет.
 
Вчера во Струмица беше Епископот Синониј, специјален претставник на бугарскиот патријарх Неофит, што претставува прво вакво молитвено учество на бугарски владика во празнувањата на МПЦ-ОА.
 
Ова соопштение на  Бугарската православна црква во многу нешта претставува еден поинаков однос, кога станува збор за терминолшките формулации и во моногу наликува на едно соопштение растеретено од предрасуди и историски романтичарски погледи.
 
Епископот Синониј, кој беше во Струмица ја има титулата Велички, титула која ја носел и Свети Климент.  За одбележување е дека во ова соопштението бугарските владици Свети Климент го дефинираат како заштитник на македонскииот и на бугарскиот народ.
 
Инаку Патријархот Непофит во писмото испратено до Стумичката епархија посакува што поскоро двете цркви да почнат заедничко сослужување.