Македонија
26. September 2020 - 16:37

Божиновски: Уривањето на Порта Македонија би бил антицивилизациски чин

Иако можеби на еден начин Порта Македонија е копија на Триумфалната порта во Париз која ја изградил Наполеон Бонапарта сепак нејзиното уривање би претставувало антицивилизациски чин, затоа што на неа преку релјефи е поставена целата историја на Македонија. Ова е ставот на архитектот Вангел Божиноски, основоположник и член на почесното претседателство на архитектонскиот совет за центрана и источна Европа, кој став доаѓа после одлуката на Владата да се избришат маркичките на Порта Македонија и споменикот Мајка Тереза. Божиноски е исто така еден од авторите вклучени во проектот „Скопје 2014“. Негово дело е стаклената купола на Собранието каде сега се одржуваат седниците.

„Уривањето на една севкупна историја значи уривање на сите напори кои ги има вложено македонската цивилизација и гордоста на Македонија, која се тие релјефи кои се претставени, има намера да ја соопшти вистината онаква каква што треба да влезе во сето светско учебникарство. Тој што сака тоа да го сруши не ја заслушува својата диплома и мислам дека тоа е антицивилизациски чин“, рече Вангел Божиноски, архитект.

Божиновски вели дека уште кога се градела портата тој имал забелешки и сметал дека таа во нејзината форма треба да биде изворна, македонска. Но сега сепак не требало таа да се урива. Според него портата можела да претрпи измени со кои би ја добила таа типична македонска архитектура, што би било за 50% поефтина варијанта од уривањето.

„Дотерување на Порта Македонија до степен да биде препознатлива како типична македонскка порта или карактеристичен бечег на македонската архитектура. Локацијата, димензијата итн. Можебии можат да претрпат критика, меѓутоа тоа не значи дека тоа треба да се руши. Постулатите на македонската архитектура дозволуваат вие да градите и во сите идни векови почитувајќи го принципот на македонското градителство, а тоа денес може да се постигне наместо со урување со довршување на тој објект“, додаде Божиновски.

Од Општина Центар велат дека ако и Министерството за култура го потврди барањето на Владата, би можело овиие два објекти да бидат тргнати од деталниот план „Мал Ринг“.