Македонија
24. May 2019 - 16:12

Божиновски: „Проветрувањето“ кај ДУИ ќе ја зајакне позицијата на премиерот

Метлата ќе ја покаже вистинската тежина на премиерот Заев. Експертите сметаат дека од моќта на мандатарот ќе зависи колку квалитетно и темелно ќе биде чистењето кое Заев го најави меѓу двата изборни круга
„преку ова едноставно ќе може да се види колкава е всушност моќта на премиерот, не само во коалицијата туку у внатре во самата партија бидејќи свесни сме дека и во самата СДСМ има одредени фракции кои што на некој начин се натпреваруваат меѓу себе и дали самиот премиер кој е и претседател на СДСМ ќе успее да ги помири тие фракции и да им наметне одредено решение кое тие ќе го прифатат.“

Токму од најниските партиски структури вчера Заев почна да ја спроведува операцијата метла. Со еден потег беа збришани сите претседатели на општинските организации на владејачката партија.
Сепак, според Божиновски главната оценка процесот ќе ја добие тогаш кога ќе се сврти кон првиот ешалон, каде што голема улога имаат и функционерите на ДУИ, кои пак велат дека не одговараат пред Заев, туку пред Ахмети

„За релациите со ДУИ воопшто нема потреба да се говори бидејќи гледаме дека ние всушност во моментов имаме функционирање на два засебни владини субјекти кои што само на некој начин формално се во коалиција. Однсоно оние ресори кои ги држи ДУИ, премиерот и сите оние кои што се функционери именувани од страна на СДСМ и коалицијата воопшто немаат никакво влијание ниту пак може да имаат некакво влијание врз нивната работа.

Божиновски вели дека на крајот, граѓаните оценката ја даваат за Владата како целина а не за секој од политичките субјекти кои што ја сочинуваат. Препорачува власта да се фокусира на ветените реформи и најавите да ги претвори во реализација.