Македонија
17. јуни 2016 - 10:32

„Божилак на исконот“ од Филип Димкоски, објавена на српски јазик

„Божилак на исконот“ е втората поетска книга на македонскиот поет Филип Димкоски која од неодамна излезе од печат и на српски јазик. Препевот е на Александар Димкоски, а рецензент е проф. Снежана Алексиќ Станојловиќ.

Според Алексиќ-Станојловиќ, во книгата авторот проговара во име на човекот, но и во име на природата. Неговите песни се своевиден  повик  од еден освестен поединец, со надеж дека нема да остане само поединец.

Во текот на јуни српското издание на „Божилак на исконот“ ќе биде промовирано во културните центри во Нови Сад, Ниш и Шабац, а наесен се очекува промоција и во Белград.