Македонија
20. December 2015 - 15:37

Божикна приредба во ЗОО Скопје

Во новиот едукативен центар на Зоолошката градина во Скопје денеска од 13:30 до 15:30 часот ќе се одржи детска приредба „Нашата божикна приказна“. Околу 70 учесници ќе пеат, рецитираат и ќе се забавуваат.

Организатор е Германскиот јазичен центар со поддршка на Австриската амбасада и останатите партнери. Германскиот јазичен центар како едукативен центар за германски јазик за сите јазични нивоа и возрасни групи, традиционално приредува божикна забава веќе неколку години.

- Оваа година во соработка со едукативниот центар на ЗОО Скопје ќе креираме заедничка божикна приказна, информира Германскиот јазичен центар.