Македонија
24. December 2015 - 12:18

Божикна честитка од претседателот Иванов

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.

-  Празнувањето на Божик секогаш нè навраќа на Светото предание кое започнува со Витлеемската ѕвезда,  раѓањето на Синот Божји кој ја прими човечката природа и стана човек. Чествувајќи го Божик ги славиме љубовта, победата над предрасудите и разликите. Божикната порака за вистината за верата, за човечноста и за хуманоста е глас кој треба да го продолжиме, стои во честитката од Иванов.

Божик, како што посочува македонскиот претседател, е празник на семејството, ден кога се молиме за добро здравје, среќа и радост.  - Нека Бадниковата вечер и Божик внесат топлина во домот, а семејството и ближните нека ги исполнат со добра мисла, добрина и благослов. Овој голем христијански празник нè учи да бидеме солидарни, затоа да споделуваме со оние кои имаат помалку, да им помогнеме на  немоќните и на обесхрабрените, посочува Иванов.