Македонија
7. January 2016 - 16:46

Божиќен ручек за децата со церебрална парализа во Велес

Децата со церебрална парализа од велес и нивните родители го слават раѓањето Христово.. Повардарската епархија секоја година за нив организира божиќен ручек..

Од здружението на лица со церебрална парализа велат дека заедничкото дружење покажува оти оваа категорија граѓани не е заборавена од општеството..

Божиќната забава за лицата со попречености ја помага и локалната самоуправа..

Организаторите на божиќната забава поделија и новогодишни пакетчиња за лицата со церебрална парализа..