Божикен концерт на Македонската филхармонија и виолинистот Џулијан Рахлин
На големиот христијански празник Божик најавен е концерт на Македонската филхармонија на кој како солист, но и како диригент, ќе настапи светскиот познатиот виолинист Џулијан Рахлин.
На концертот, што ќе се одржи во Македонската опера и балет, ќе бидат изведени виенски маршеви, романтични увертири, популарни танци, дела од Росини, Чајковски, Штраус, Глинка, Годовски и Крајслер.
Билетите се продаваат на билетарата во Домот на АРМ секој ден од 10 до 16 часот. Билетарата, како што информира Македонската филхармонија, ќе работи и на 3, 4, 5 и 6 јануари од 10 до 15 часот. Билети може да се набават и онлајн на веб страниците www.kupikartizase.mk i www.mktickets.mk.
Џулијан Рахлин е еден од најпочитуваните виолинисти на денешницата кој свири на виолина од марката „страдивари“ од 1704 година. Соработува со престижни диригенти и оркестри, а оваа концертна сезона настапи во Европа и во Северна Америка со Националниот оркестар на Франција под диригентската палка на маестро Даниеле Гати, потоа на отворањето на сезоната со филхармонискиот оркестар „Ла Скала“ со маестро Рикардо Шаји, како и на фестивалот во Луцерн со маестро Марис Јансонс...
Роден е во Литванија 1974 година, но се преселил во Виена во 1978 година. Студира виолина кај еминентниот педагог Борис Кушнир на Виенскиот конзерваториум, стекнувајќи го основното образование од руската традиционална виолинистичка школа, а земал приватни часови кај Пинхас Цукерман, кој му ја влева страста и за свирење виола. Меѓународна слава стекнува во 1988 година кога ја добива наградата „Млад музичар на годината“на Евровизискиот меѓународен натпревар во Амстердам.
Рахлин е најмладиот солист што некогаш свирел со Виенската филхармонија правејќи го своето деби со маестро Рикардо Мути. Од почетокот на кариерата свири со најголемите светски оркестри и врвни дирегенти. Зад себе има голем број снимки и издава албуми за „Дојче грамофон“, „Сони класикал“ и за „Варнер класикс“.
Во 1988 година магазинот „Мјузик мануал“ го прогалсува за музичар на годината, а во 2000 година му е доделена меѓународната награда на славните на Музичката академија во Сиена.
Ново на Сител
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада