Џет-Сет
13. February 2017 - 11:07

Божица на Греми: Спектакуларен настап на бремената Бијонсе

Бијонсе, музичката поп икона, настапи на церемонијата на музичките награди и тоа првпат откао објави дека е бремена со близнаци.

На спектакуларниот настап го покажа и голиот труднички стомак, а нејзината колешка Адел и оддаде посебна почест додека ја примаше наградата за најдобар албум "25" и најдобра песна "Hello", која доживеа планетарен успех.

Foto Profimedia
 

Култниот музичар Дејвид Боуви кој почина минатата година, постхумно освои Греми за последниот маестрален албум "Black Star".

На церемонијата е одадена почест и на Принц и Џорџ Мајкл, музичари кои починаа минатата година.

Foto Profimedia

Наградата Греми, е востановена во 1959 година, и годишно се доделува за исклучителни придонеси во музиката и дискографијата од страна на американската Академија за дискографска уметност и наука (НАРАС).

Foto Profimedia