Боздаг: Односите меѓу САД и Турција може да се влошат, доколку Вашингтон не го предаде Ѓулен
Министерот за правда на Турција Бекир Боздаг инсистира САД да го предадат исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, за кого Анкара смета дека стои зад обидите за организирање воен удар во јули или во спротивно ризикуваат да дојде до сериозно влошување на односите меѓу двете држави.
Боздаг говореше пред новинарите еден ден откако се сретна со американскиот министер за правда Лорета Линч.
Тој изјави дека Ѓулен, кој живее во Пенсилванија е терорист.
- Она што претставува Осама бин Ладен за САД и за американскиот народ е истото што претставува Фетулах Ѓулен за Турција и за турскиот народ, рече Боздаг.
САД не брзаат со екстрадицијата на Ѓулен и потенцираат дека Турција прво треба да претстави доволно докази за неговото учество во обидот за преврат, во кој загинаа над 270 лица. Ѓулен демантира дека е поврзан со пучот.
Боздаг нагласи дека новите докази кои Турција ги претставила за Ѓулен вклучуваат признанија на обвинети заговорници во Турција, кои велат дека дејствувале на негова наредба.
Турскиот министер додаде дека Ѓулен добивал тајни записи на разговори на висок турски претставник, кои му биле доставени од еден од неговите следбеници.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња