-->
-->
Боздад: Курди од Африн гранатираат турска територија со оружје доставено од САД
-->
Курдите од единиците Сили за заштита на народот и од партијата Демократски сојуз ја гранатираат турската територија од сирискиот регион Африн со оружје, кое им беше доставено од САД во борбата против терористичката „Исламска држава“, изјави турскиот вицепремиер Бекир Боздад.
Според него, САД ги вооружувале Силите за заштита на народот во борбата против ИД, а Анкара го предупредувала Вашингтон, дека подоцна тоа оружје може да биде искористено против Турција.
Претседателот на САД Доналд Трамп минатата година во телефонски разговор му вети на турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган дека целосно ќе ја прекине доставата на оружје за курдските сили во Сирија. Подоцна Пентагон изјави дека снабдувањето на Курдите со оружје продолжува.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шекеринска на средба кај Сиљановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Денот на албанската азбука – Честитки и превирања
-
ВМРО-ДМНЕ бара извинување од Апасиев по инцидентот
-
За повисок економски раст треба повеќе да се штеди, помалку да се троши
-
Зајкова бара укинување на банкарските провизии
-
Таравари и Мемеди на една страна, ДСЗИ на друга за надзорите на Детска
-
Свечена седница во Влада по повод Денот на албанската азбука