Loading Video...
Ф1
27. September 2020 - 16:08

Ботас триумфираше на руското Гранд-при

Валтери Ботас е победник на руското Грант-при во формула 1 шампионатот. 
 
Возачот на Мерцедес ја казни грешката на својот тимски колега Луси Хамилтон, па откако го презеде лидерското место на трката во Сочи, Финецот не ја испушти шансата до самиот крај. 
 
До својата втора победа сезонава Ботас стигна пред Макс Верстапен од Ред Бул и Хамилтон кој го освои третото место. 
 
Сега во Генералниот пласман Ботас ја намали предноста на Хамилтон на 45 бодови, а ја зголеми на 33 во однос на Верстапен кој е трето рангиран.
 
Следната трка ќе се вози на Нинбургринг на 11 октомври.