Ботас одбива да се предаде во борбата за титулата против Хамилтон
Луис Хамилтон со секоја измината недела се приближува до својата седма светска титула во Формула 1. После последната победа на трката за ГН на Белгија оваа недела, sвездата на Мерцедес го зголеми водството во поредокот на возачи на 47 поени. Втор е лидерот на Ред Бул Макс Верстапен и на разочарувачката трета позиција е Валтери Ботас, на 50 бода зад неговиот тимски колега.
И покрај повлекувањето во последните неколку недели, Валтери одбива да се откаже и ги крие надежите дека може да го сврти развојот на шампионатот во своја полза и да се бори за својата прва светска титула против Хамилтон.
– Нема сомнение дека ќе продолжам да се борам до крај за титулата. Сè уште сме на средина од шампионатот и ни преостануваат околу десет трки. Пукнатата гума во претпоследниот круг на „Силверстоун“ е еден вид отпаѓање за мене, затоа што останав со нула поени и така моето заостанување се зголеми многу. Сепак, сè уште имам шанса, но треба да ги подобрам моите перформанси во квалификациите, што не се добри во последните неколку недели, изјави Финецот.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот