Loading Video...
Кошарка
30. December 2018 - 15:38

Бостон со голем „кам-бек“ до победа над Мемфис

Во најсилната светска кошаркарска лига, НБА, ноќеска беа одиграни седум натпревари. 
 
Најинтересниот се одигра во Мемфис каде Бостон и покрај големата негатива од 19 поени кон средината на третата четвртина, на крајот „Селтикси“ успеаја да направат пресврт и да се радуваат на победа со 112:103. Кајри Ирвинг со дабл-дабл од 26 поени и 13 асистенции беше најзаслужен за оваа победа на Бостон. 
 
Во Њу Орлеанс екипата на Хјустон забележа победа со 108:104, остварувајќи го четвртиот триумф во низа.
 
Џејмс Харден средбата ја заврши со 41 поен, а еден поен помалку имаше Ентони Дејвис. 
 
Шампионот Голден Стејт го победи Портланд на гости со 115:105, а тиумф на гостински терен забележа и Сан Антонио, кој во Лос Анџелсе славеше против „Клиперси“ со 122:111. 
 
На останатите натпревари беа постигнати следниве резултати: Вашингтон – Шарлот 130:126, Атланта – Кливленд 111:108, , Јута – Њујорк 129:97 и Феникс – Денвер 118:122,