Loading Video...
Кошарка
26. December 2018 - 9:34

Бостон по продолжение ја совлада Филаделфија

Божиќната ноќ во НБА лигата донесе неколку интересни дуели, но најнеизвесниот го одиграа Бостон и Филаделфија, а го добија „Селтикси“ по дополнителните пет минути. 

Дербито од Источната конференција кое се одигра во Бостон им припадна на домаќините со 121-114 откако регуларниот дел заврши нерешено 108-108. Кајри Ирвинг со дабл-дабл учинок од 40 поени и 10 скокови беше најдобриот поединец во победничката екипа, додека кај гостите се истакнаа Емид со 34 поени и 16 скокови и Батлер со 24 поени. 

лејкерси им оддржаа лекција на шампионите Голден Стејт и тоа пред нивните навивачи совладувајќи ги Воеините со 127-101. Кајл Кузма со 19 поени беше најефикасен во редовите на „Езерџиите“, а Леброн Џејмс постигна 17 поени, но поради повреда предвреме го заврши мечот. Во редовите на „Воините“ Андре Игудала беше прв стрелец со 23 поени, два помалку имаше Кевин Дурент.

 
Донован Мичел со 19 поени и Руди Гоберт со дабл-дабл ефект од 18 поени и 14 скокови ја предводеа Јута до победата над Портланд со 117-96, пред своите симпатизери. Кај гостите, а воедно и на натпреварот најефикасен беше  Демијан Лилард со 20 поени