Бостон по продолжение ја совлада Филаделфија
Божиќната ноќ во НБА лигата донесе неколку интересни дуели, но најнеизвесниот го одиграа Бостон и Филаделфија, а го добија „Селтикси“ по дополнителните пет минути.
Дербито од Источната конференција кое се одигра во Бостон им припадна на домаќините со 121-114 откако регуларниот дел заврши нерешено 108-108. Кајри Ирвинг со дабл-дабл учинок од 40 поени и 10 скокови беше најдобриот поединец во победничката екипа, додека кај гостите се истакнаа Емид со 34 поени и 16 скокови и Батлер со 24 поени.
лејкерси им оддржаа лекција на шампионите Голден Стејт и тоа пред нивните навивачи совладувајќи ги Воеините со 127-101. Кајл Кузма со 19 поени беше најефикасен во редовите на „Езерџиите“, а Леброн Џејмс постигна 17 поени, но поради повреда предвреме го заврши мечот. Во редовите на „Воините“ Андре Игудала беше прв стрелец со 23 поени, два помалку имаше Кевин Дурент.
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар