Loading Video...
Кошарка
11. January 2022 - 14:09

Бостон по продолжение ја победи Индијана, неочекувани порази на Брукли, Јута и Милвоки

Најнеизвесниот дуел од синоќешна понуда во НБА лигата го одиграа екипите на Бостон и Индијана, а на победа се радуваа домаќините и тоа по одиграните дополнителни 5 минути. 
 
Сетликси славеа по продолжението со 101-98, откако регуларниот дел аврши нерешено 89-89. 
 
Дури тројца кошаркари кај победничката екипа средбата ја завршија со дабл-дабл улинок, Џејлен Браун на 26-те поени придодаде 15 скоови, Џејсон Тејтум имаше 24 поени и 12 скокови колку што имаше и Роберт Вилијамс кој пак постигна 14 поени.  На „Пејсери“ не им помогна нити расположениот Литванец, Сабонис кој оствари нов трип-лдабл со 11 поени, 10 асистенции и дури 23 скокови. 
 
На останатите натпревари се случија и три изненадувања. Второ рангираниот тим во Источната конференција Бруклин загуби на гостивањето кај Портланд со 114-108. 
 
Јута која е трето пласирана во Западната конференција беше поразена од вториот најлош тим во лигата Детроит и тоа со 126-116. 
 
Шампионот Милвоки  кој во два дена одигра два меча на гости кај Шарлот не најде решение за „Стршлените“, па „Бакси“ повторно загубија, сега со 103-99.
 
Иако можеби потешко од очекуваното, победи остварија Њујорк против Сан Антонио со 111-96 и Филаделфија која во Хјустон ги совлада „рокетси“ со 111-91.