Кошарка
15. November 2021 - 8:25

Босна и Херцеговина и го нанесе вториот пораз на македонската селекција во квалификациите за Евробаскет 2023

 Македонската женска кошаркарска репрезентација го запиша вториот пораз во квалификациите за Евробасектот 2023. Вечерва во СРЦ „Кале“ подобри од „црвено-жолтите“ беа гостинките од Босна и Херцеговина кои забележаа победа со 80:64.

Во првото коло пред три дена, избраничките на селекторот Александар Ашаданов загубија од Германија со 73:41.

Квалификациите продолжуваат по една година, а следен меч на нашата репрезентација е против селекцијата на Белгија која денеска славеше убедлива победа против Германија со 84:55.