Босилово сака да ги врати ингеренциите во училиштата – Нема ни пари ни деца
Општина Босилово ја разгледува можноста ингеренциите во образованието да ги вратиу назад на ресорното министерство.
Лошата финансиска состојба во училиштата, натрупаните долгови и превработеноста на сметка на се помалиот број ученици биле главните причини за тоа.
Градоначалникот Ристо Манчев вели дека нивната општина била една од ретките во државата во која дури 96% од средствата од блок дотациите биле наменети за плати, а само 4% за останатите трошоци како што се електрична енергија, превоз или греење.
Од општината веќе побарале и средба со ресорниот министер за да го информираат за моменталната состојба, но и да се разгледаат можностите за најдоброто решение пред да почне новата учебна година.
Со најавеното зголемување на платите, доколку блок дотациите останат исти дури 99,5% од средствата што општина Босилово ги добива од министерството ќе биле наменети за плати, а сите останати материјални трошоци на товар на општинскиот буџет.
Во моментов вкупниот долг на трите основни училишта изнесува 4 милиони и 800 000 денари, а едно од нив има и блокирана сметка.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар