Бошњаковски:ДИК во следниот период веројатно ќе интервенира во Избирачкиот список
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски во однос на прочистувањето на Избирачкиот список денеска изјави дека се наследени повеќе проблеми и оти надлежните институции соодветно треба да ги адресираат и решаваат.
На прес-конференцијата во Владата, Бошњаковски посочи дека од 2002 година во Македонија немало попис и оти над 400 илјади граѓани не живеат во државата, а фигурираат во Избирачкиот список, што секако има импликации на сите изборни и референдумски процеси.
- Постојат повеќе сегменти што треба да се адресираат. Дел од нив се должност на Владата, а дел се должност на други институции. Во Македонија од 2002 година немаме попис, но во моментот течат подготовките во Државниот завод за статистика за одржување на попис. Наследени се повеќе проблеми што треба да се адресираат и да се решат. Свесни сме сите и дека над 400 илјади наши сограѓани не живеат во Македонија, а ги имаме на Избирачкииот список дека живеат во Македонија. И ова си има импликации на сите изборни и рефередумски процеси. Државната изборна комисија во наредниот период најверојатно ќе интервенира во однос на Избирачкиот список, меѓутоа сите институции треба соодветно да ги адресираат овие ситуации и да се решат, рече Бошњаковски.
Додаде дека не се работи за тоа дали има добра волја ова да се направи, туку дека тоа е прашање на време и приоритети.
Ново на Сител
-
До 9 часот во Дебар еден отсто, во Центар Жупа 1,9 отсто излезеност
-
Во Велес и Велешкo до 9 часот излезеноста е 4,97 проценти
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година