Бошњаковски: Владата се откажа од „мерцедесот“, а премиерот никогаш не го користи
Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски изјави денеска дека мерцедесот од 600.000 евра кој беше набавен во време додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ, е сѐ уште дел од судската постапка „Тенк“ и дека по завршување на постапката ќе се одлучи што понатаму.
На новинарско прашање за предизборните ветувања на СДСМ дека со продажбата на мерцедесот ќе се набават нови амбулантни возила за Брза помош, Бошњаковски рече дека набавката на нови возила е во тек.
-Амбулантни возила веќе се набавуваат. Мерцедесот, пак, е симбол на расипништво и оваа Владата се откажа од него, премиерот никогаш не го користи. Дел е од судската постапка и дедека таа постапка е активна тој мерцедес ќе остане таму каде што е. Во истиот момент кога ќе заврши, ќе видиме што ќе се случи, рече владиниот портпарол.
Тој додаде дека Владата ќе набави нови 12 амбулантни возила за Брза помош, додека осум возила од Министерството за земјоделие ќе бидат пренаменети.
-Станува збор за возила кои се речиси неискористени и никогаш не биле употребени за тоа за кое пишуваат медиумите и порталите, додаде тој.
Ново на Сител
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК
-
Норвешка донира 76 возила на македонската Армијата
-
Димитриевски победи во Куманово, Таравари во Гостивар, а Јакимовски загуби во Карпош