Бошњаковски: Средбата Заев-Ципрас е исчекор кон конечно решение за прашањето за името
Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска во коментар за очекувањата на Владата и шансите да се затвори прашањето за името на утрешната средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, на маргините на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија, рече дека таа е исчекор кон конечно решение.
- Во однос на утрешната средба на премиерите Заев и Ципрас премиерот Заев вчера јавно кажа оти е премногу рано да се очекува такво нешто, но мислам дека оваа средба е исчекор кон конечно решение, рече Бошњаковски на прес-конференција.
На новинарско прашање портпаролот на Владата ги негираше информациите објавени во дел од германските медиуми дека на средбата на Заев и Ципрас ќе присуствува германската канцеларка Ангела Меркел.
- Канцеларката Меркел со премиерот Заев ќе има одделен состанок, односно билатерална средба. Исто така ќе имаме средба и со францускиот претседател Макрон, но средбата Заев-Ципрас ќе биде меѓу нив двајцата, рече Бошњаковски.
Тој потврди дека средбата на Заев и Ципрас е закажана за утре во 10:30 часот по софиско време на маргините на Самитот во Софија. Тоа ќе биде втора тет-а-тет средба на премиероите на Македонија и Грција.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра