Балкан
12. August 2016 - 15:52

Бошњаците иницираат референдум за одвојување на Сребреница од Република Српска

По повод одлуката на Народното собрание на Република Српска за распишување референдум и одлуката на Уставниот суд на РС да не го заштити виталниот интерес на Бошњаците во РС, ќе биде отворена расправа за донесување на одлуката на Собранието на Општина Сребреница да се распише референдум на подрачјето на Сребреница да биде одделена од РС.

Ова го потврди претставник на Претставничкиот дом на парламентарното собрание на БиХ, Садик Ахметовиќ. 

- Ние сме свесни дека референдуми во вакви ситуации не се решение, но градот во кој е направен геноцид за што постои пресуда на Меѓународниот суд на правдата и неколку пресуди на Хашкиот трибунал нема алтернатива, имајќи предвид дека високиот меѓународен претставник нема да го прекине директното кршење на Дејтонскиот договор, рече Ахметовиќ.

Тој додаде дека ова е инспирирано од кршењето на одлуката на Уставниот суд на БиХ, ставањето на Уставниот суд во служба на една нација и една партија и односот кон Бошњаците по сите животни прашања.

- Од прогонот, недозволувањето изучување на мајчиниот јазик, до директни закани на претседателот на РС дека Бошњците мораат да излезат на референдум доколу сакаат да живеат во РС. Во врска со тоа, нашата одлука за распишување референдум на подрачјето на Сребреница е резултат на односот на властите од Бања Лука против државата и Бошњаците во РС и пасивноста на ОХР во поглед на антидејтонското делување на Владата на РС и Милорад Додик, рече Ахметовиќ.

Советот за заштита на виталниот национален интерес на Уставниот суд на Република Српска денеска одлучи дека не е повреден виталниот национален интерес на бошњачкиот народ во врска со одлуката за распишување на референдум за Денот на РС.