Loading Video...
Свет
29. May 2020 - 19:42

Босанскиот премиер Новалиќ е приведен поради сомнеж за вмешаност во скандал со набавка на респиратори

Босанскиот премиер Фадил Новалиќ е приведен поради сомнеж дека е вмешан во скандал со набавка на респиратори. Станува збор за 100 респиратори кои пристигнале од Кина, во вредност од 5,3 милиони евра, но се неупотребливи. Уште понејасно е како фирмата „Сребрена малина“ која е регистирана дека се занимавала со одгледување и преработка на овошје и зеленчук, добила дозвола за увоз на респираторите. Поради тоа освен премиерот, приведени се и сопственикот на фирмата и директорот на управата за цивилна заштита.

Продолжуваат насилните протести во Минеаполис, САД, по обвинувањата за убиство врз основа на раса од страна на полицијата. Гневните демонстранти упаднале во зградата на полицијата во градот. Запалиле и ограбиле повеќе објекти. Поради критичната ситуација, тамошните власти прогласија вонредна состојба, а на терен е и војската.

Протестите  следуваат по смртта на Афроамериканецот, кон на брутален начин беше лишен од слобода од страна на полицијата, а на видео кое го направил случаен минувач се гледа дека мажот не пружал отпор и не бил вооружен, а се слуша и како го моли полицаецот да го пушти, бијдејќи не може да дише. ФБИ ќе го истажува случајот.

Твитер, омилената социјалната мрежа  на американскиот претседател Доналд Трамп, ја сокри неговата објава поврзана со немирите во американскиот град Минеаполис. Твитер наве дека дека  објавата ги нарушува правилата, односно дека Трамп  го величи насилството.

„Овие бандити го обесчестуваат сеќавањето на Џорџ Флојд и нема тоа да го дозволам. Разговарав со гувернерот Тим Волц и реков дека војската е со него на тој пат. Сите потешкотии ќе се обидеме да ги контролираме, но кога ќе почнат грабежите, ќе почне и пукањето. Ви благодарам“, е твитот на Трамп.

Твитер го скри постот, еден ден откако Трамп, одлучи да ја ограничи слободата на  социјалните мрежи во уредувањето на содржините. Трамп на Твитер го следат 80 милиони корисници.