Балкан
6. February 2017 - 15:32

Босанец спие во контејнер а во неговата куќа мечки: Ги чува 10 години и потрошил скоро 77.000 евра на нив

Деновиве навршуваат полни 10 години откако Емин Љутиќ од Горен Вакуф во Босна и Херцеговина вдомил две мечиња чија мајка загинала откако нагазила мина кај местото Себешица. Тој ги одгледал и израснал Гвидо и Лака станале атракција во централна Босна за која скоро сите знаат.

Гвидо сега е висок два и пол метри и тежок 400 килограми додека Лака е нешто помал.

– Лака додека беше мал спиеше со мене во кревет 8 месеци додека беше болен, но сега е во одлична форма. За овие 10 години колку што ги чувам на нив имам потрошено околу 70 000 евра. Им давам убава храна, па макар и јас да останам гладен. Им купувам пченка, јаболки, круши, риба…квалитетна храна. Толку ги сакам што минатата зима спиев во контејнер за складирање, а нив ги пуштив во куќата, изјавил Љутиќ за Анадолија.

Емин истакнал дека три години се борел со држвата за да ги задржи своите големи миленици, но на крајот успеал во таа битка. Тој на својот имот чува и неколку кучиња кои ги собрал од улица, неколку мачки и еден сокол. Едната од кучките ја спасил откако нагазила на стапица за дивеч.

– Кога стигна кај мене ногата и висеше. Ја однесов на ветеринар, ја мачкав и ја негував. Што друго можев да правам. Сега е добро. Чувам уште едно мало кутре кое некој го ставил во гајба и го пуштил по реката Бистрица. Ја спасивме и еве сега е жива и здрава. Никој не може да се приближи до мојата викендичка без таа да ми јави, вели Емин.

Соколот пак му го донел пријател од босанското Здружение за заштита на животните.

– Некој го ранил и крилото му беше повредено, а канџите скршени и не можеше да лови. Секој ден ми јадеше најмалку по еден батак од кокошка. Кога направив пресметка колку сум потрошил за овие десет години додека ги чувам сите животни, крајната сума ми излезе некаде над 70 илјади евра. Можев со тие пари да одгледам 10 бикови. Но не се жалам, ќе ги ранам и чувам додека можам, навел Емин.

Тој дал и предлог за градовите или некои од големите трговски центри во Босна да направат една золошка градина и да ги сместат таму животните за да можат сите кои сакаат да ги видат. Според него, тие имаат можности, па и фрлаат многу храна секој ден и би можеле добро да се грижат за нив затоа што веќе мечките се навикнати на таква храна.